Меѓупростор….

Доаѓа миг кога се повлекуваш …
И не зашто креваш раце од се,
не зашто се откажуваш,
туку зошто така е правилно,
во погрешното!
И од таму,
може да се живее,
да се сака,
да се пази,
да се радува,
да се тагува….
Во меѓупростор !
Во сенка!
Во осама !
Понекогаш.
му даваш време на времето…
му даваш простор на просторот…
му даваш кислород на здивот…
му даваш брз ритам на срцето….
и не му даваш сон на очите….
Со отворени очи….преживуваш,
таму каде што не припаѓаш !

За еден ангел……

Има луѓе…
кои тивко влегуваат,
во животот твој,
а толку силно ги слушаш,
и ги сакаш тука да бидат
за секогаш!
Има да!
Кога заминуваат, пак тивко,
Ја чувствуваш НАЈГЛАСНАТА празнина во душата,
како ехо во празна соба!
Има едни луѓе,
кои бог ни ги праќа,
ангели на земјата да ни бидат…..
Утеха и насмевка да ни бидат,
благост и мекост да ни дарат,
Надеж и сила да поделат
како на гладни- леб!
Има едни луѓе,
полуѓе од луѓето,
кои ако заслужиш
ќе те кудат ама нема да ти судат,
кои ќе те слушаат со уши и срце,
кои ќе ти засадуваат љубов каде што ти фали,
ќе ти дарат збор душа што гали!
Има такви луѓе!
Има….
јас женски ангел сретнав,
со очи што цело небо го збрале,
и лице бело исто како душата бела и мека како памук,
и збор полн со правичност и силна мисла, а топол како јорган во Ладна зима…..
Ангелот летна!
Не успеав да кажам Збогум!
А и знам дека не го сакаше тој збор
Збогум го измислиле луѓето…. велеше!
Веруваше во подобро место од ова…
Сега јас верувам дека таму е среќна….
Летај Ангеле….. Летај !!!!
И во отсуството твое ќе одекнува твојата добрина!

На сестра Мирјам
ве сака глумицата!

Ќе те полуди !

Велат ако е страст поминува….
Велам ако е страст- Оживува, Разбидува, Буди, Разорува, Разгорува…Не Заспива, Не намалува, Експлодира, Еруптира, Ништи, Ако е страст, Не минува…..
Не минува……
Не ! Не минува!
Нема сон да ти дава, Ќе те буди, ќе те полуди !
3585727445_c2e2887341_o