Од што се плашиш ?

Пред некое време ме прашаа од што се плашам….Одговорив општи нешта, се плашам од змии, висина, летање…

Кога се обидов да заспијам таа вечер, прашањето само ми се повторуваше во глава, а одговорите кои дури и се плашев да ги дадам , на тоа прашање , долго време ме оставија без сон.

Можете ли без страв да си одговорите од што се плашите?

Јас не ! 

Сеуште не! 

А одговорите вриштат…..во моето внатрешно себезамолчување !

Се плашам да помислам, изговорам, заспијам, разбудам, …… години и години, живот на штрек!  

Но Не! Јас не се плашам за себе , но најмногу се плашам од самата себе  ! 

Каква иронија ! 

Слика

 

 

И така ! 

Од сите стравови ке ја издвојам-  болката!

Во сите нејзини форми, облици и големини , гледам непријател! 

На сите мои стравови- таа е последица! 

Зашто за СЕ сум нашла објаснување, оправдување, олеснување….

Ама…Кога боли душата- Нема лек ! 

Напишете коментар