Да можев да ти верувам !

Да можев да ги имам твоите очи,
барем еднаш,
барем 5 минути,
доволно ќе беше,
па макар и уште десет животи
да поминев без тебе….како казна…
барем ќе знаев…..
барем еднаш ќе поверував…..
додека го гледам во огледало својот лик
со твоите очи,
дека навистина ме сакаш повеќе,
отколку што јас можам да ти верувам!

Глумицата

Напишете коментар